15.09.2026 - Светски ден на чистењето
🌱💚 Во рамките на проектот „Растеме здраво“ 🌱
По повод 15 Септември – Светскиот ден на чистењето, децата од нашата градинка преку игра, дружење и заедничка работа учеа колку е важно да се грижиме за природата и за средината во која растеме. 🌍💚
Заедно садевме и полевавме дрвца, собираавме отпад и суви лисја, а нашиот двор го направивме почист, поубав и повесел. 🌳🍂
Посебна радост ни донесе и поставувањето на хранилки за птици, кои со многу љубов и креативност ги изработија нашите родители. 🐦❤️
Преку овие активности ги поттикнуваме најмалите уште од рана возраст да развиваат љубов и одговорност кон природата, да го чуваат животниот простор и да разберат дека секој мал чекор значи многу за нашата планета. 🌎🌱
Растеме здраво, растеме одговорно, растеме со љубов кон природата! 💚🌿