За време на посетата, дечињата имаа можност да ги разгледаат капацитетите на домот и да се запознаат со просторот и секојдневието на неговите корисници.
Особено убав момент беше нивното дружење со возрасните, пред кои дечињата се претставија со кратка детска претстава, исполнета со радост и позитивна енергија.
На крајот од посетата, дечињата им подарија пригодни подароци, со кои сакаа да им покажат внимание, почит и љубов.
Ваквите средби се прекрасна можност децата уште од најрана возраст да ја развиваат емпатијата, почитта и грижата за повозрасните, но и да почувствуваат колку една искрена детска насмевка може да донесе радост.
Една средба, многу насмевки и спомени што ќе останат во срцата.