ДЕТСКА НЕДЕЛА 👱🏻♀️👦🏻
Детската недела се одбележува секоја година во првата цела недела од месец октомври и е посветена на децата, нивните права, среќното детство и создавањето средина во која секое дете се чувствува сакано, безбедно, почитувано и прифатено.
Оваа недела е потсетник на важноста на детската игра, дружењето, творештвото и слободното изразување, но и на тоа дека секое дете заслужува љубов, внимание и еднакви можности да расте и да се развива.
Ден 1 – Моите права и обврски
На првиот ден од Детската недела, дечињата се запознаа со своите права и обврски. Со многу љубов и креативност изработија транспаренти и испратија убави пораки исполнети со здравје, љубов и среќа за децата од целиот свет. Денот го исполнивме со игра, смеа, песна, творење и заеднички моменти кои го прават детството безгрижно и убаво. Нека секое дете има право на среќно детство, исполнето со љубов, игра и насмевки! ❤️
Ден 2 - Нашите добри дела
Добрите дела кај децата се најдобриот начин за развивање емпатија, сочувство и позитивни навики кои траат цел живот. Преку креативни активности, искажување убави мисли и идеи, љубезни гестови, денес испративме важна порака: ,,Децата имаат моќ да го направат светот.
Ден 3 - Театарска претстава ,,Куќичката на Ежко"
На третиот ден од Детската недела, дечињата ја проследија интерактивната музичко - драмска претстава ,,Куќичката на Ежко", реализирана од страна на Продукција Триангл Пулс / Production Triangl Puls.
Дечињата на забавен и едукативен начин се запознаа со приказната, а воедно научија за другарството и за шумските животни.
Ден 4 - Ден на боите
Децата преку игра и креативни активности ги препознаваа, именуваа и разликуваа боите. Експериментираа со нивно мешање и уживаа во шарениот свет на боите.
Ден 5 - „Играта нè зближува“ Денес во нашата градинка уживавме во прекрасниот свет на играта! 🧸🎲 Преку заедничките игри, децата се дружеа, соработуваа, се смееја и учеа дека кога играме заедно, создаваме најубави моменти.
Играта нè учи да споделуваме, да си помагаме, да се почитуваме и да бидеме добри другарчиња.Затоа што детството е најубаво кога се споделува – преку игра, смеа и другарство!
🌈