Во дворот на градинката ни гостуваа најслатките пријатели – домашните миленичиња на нашите дечиња, кои со љубов ги донесоа нивните родители.
Децата имаа прекрасна можност одблиску да се запознаат со своите пријатели, да ги погалат, да се дружат со нив и да научат дека секое животно заслужува љубов, грижа, почит и безбедност.
Благодарност до сите родители кои се вклучија и овозможија овој ден да биде исполнет со радост, насмевки, нежност и многу детски љубопитни погледи.
Да ги сакаме, да ги чуваме и да се грижиме за животните – затоа што љубовта кон животните е љубов што ги учи децата на добрина!